• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп им одобри на Филипините намалување на царините од 20 на 19 проценти

Трамп им одобри на Филипините намалување на царините од 20 на 19 проценти

Вашингтон, 22 јули 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека постигнал трговски договор со својот филипински колега Фердинанд Маркос , со кој се намалуваат царините за производи од архипелагот што влегуваат во САД за еден процент.

Трамп по средбата со Маркос во Белата куќа изјави дека договорот ги намалува царинските мерки против Манила од 20 на 19 проценти.

Филипинскиот претседател е меѓу шефовите на држави кои добија писмо од Трамп, во кое тој на почетокот на јули објави дека ќе воведе царини од 20 проценти за сите производи од архипелагот на Југоисточна Азија што влегуваат во САД.

Манила и Вашингтон се поврзани со договор за меѓусебна одбрана од 1951 година и редовно спроведуваат заеднички воени вежби во Јужното Кинеско Море, во области за кои Пекинг тврди дека ги поседува. Двајцата сојузници ја зајакнаа својата соработка откако Маркос дојде на власт во 2022 година. зш/

Остани поврзан