Трамп именуваше нов амбасадор во Германија
- Американскиот претседател Доналд Трамп го именува полковникот во пензија Даглас Мекгрегор за амбасадор на САД во Германија
Вашингтон, 28 јули 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го именува полковникот во пензија Даглас Мекгрегор за амбасадор на САД во Германија.
Мекгрегор доаѓа на местото на Ричард Гренел, актуелниот претставник на американскиот претседател во преговорите помеѓу Белград и Приштина, кој претходно поднесе оставка од местото амбасадор во Берлин, додека ја извршуваше функцијата вршител на должноста директор на американските национални разузнавачки служби.
Мекгрегор се пензионира 2004 година и пишуваше за дизајнот и стратегијата на воените сили. Тој редовно се појавуваше како воен експерт во емисиите на „Фокс њуз“, што ги води Такер Карлсон, а Трамп често ги гледа.
Именувањето на Мекгрегор треба да биде потврдено од Сенатот. ми/