• четврток, 23 јануари 2025

Трамп за враќање во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата

Трамп за враќање во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата

Њујорк, 23 јануари 2025 (МИА) -  Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на неговото враќање во Белата куќа во првото интервју по инаугурацијата, нагласувајќи дека неговиот политички „кам-бек“ е доказ дека политиката и филозофијата на „радикалната левица“ во изминатите четири години се „страшна“ и „не функционира“.

Во интервју за Фокс њуз што ќе биде емитувано денеска во 9 навечер по локално време во Вашингтон, Трамп ја критикува политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на САД од Авганистан, како и војните во Украина, и меѓу Израел и Хамас.

„Стигнавме точно на време за да ја спасиме земјата“, рече Трамп.

Тој нагласи дека ќе бидат потребни време, пари и труд за да се решат сите проблеми во државата, но увери дека сите проблеми се решливи. „Можеме да ја вратиме нашата земја. Но, да не победевме на овие избори, навистина верувам дека нашата земја ќе беше засекогаш изгубена“, рече тој.

 Во интервјуто, тој зборуваше и за помилувањата што Бајден им ги додели на членовите на неговото семејство при крајот на неговиот мандат, нарекувајќи го „политички мотивиран чин“. зш/
фото Принтскрин Фокс њуз

 

Остани поврзан