• петок, 20 декември 2024

Трамп давал инструкции министерот за правда да објави „изборите се корумпирани“

Трамп давал инструкции министерот за правда да објави „изборите се корумпирани“
Вашингтон, 30 јули 2021 (МИА) - Поранешниот заменик на државниот обвинител на САД предал докази на Конгресот дека поранешниот претседател Доналд Трамп влијаел првите лица во Министерството за правда да објават дека претседателските избори во 2020 година биле лажирани, јави Вашингтон пост. -Само кажи дека изборите се корумпирани, плус остави сè друго на мене, му кажал Трамп на тогашниот вршител на должност државен обвинител Џефри Роузен. Во САД, државниот обвинител истовремено ја извршува и функцијата министер за правда. Белешките се предадени од заменикот Ричард Донохју, кој го слушнал разговорот меѓу Трамп и Роузен. Ова е уште еден доказ дека при крајот на 2020 година експретседателот се обидувал да влијае на резултатот од изборите и да ја оспори победата на противкандидатот Џо Бајден, коментира весникот. Во еден разговор на 27 декември, како што стои во белешката Роузен му рекол на Трамп „не можам + нема да плеснам со прстите + да го променам резултатот од изборите“. Претседателот одговорил дека разбира но дека сака министерството „само да каже изборите се корумпирани + остави сè друго на мене и републиканските конгресмени, пишува во забелешката замена од Донохју. Демократите веднаш реагираа на овој најнов доказ за дејствата на Трамп да успее во напорите за поништување на изборите. -Ова покажува дека претседателот Трамп директно давал инструкции на првите луѓе од нашето Министерство правда во последните денови од неговото претседателство да преземат чекори да се поништат едни слободни и фер избори, изјави Каролин Малоуни, претседателка на Комитетот за надзор и реформа на Претставничкиот дом. Републиканците сè уште не го коментирале објавувањето на забелешките. По немилите настани со упадот на насилна толпа во Капитолот на САД на 6 јануари, инспирирана од повиците на Трамп дека изборите наводно биле фалсификувани, тој потоа беше отповикан од Претставничкиот дом, раководен од демократите. кб/

Остани поврзан