Трамп го предводи комитетот за подготовка за Светското првенство во 2026 година
- Доналд Трамп го предводи комитетот за подготовка на Светското првенство во 2026 година. Турнирот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Вашингтон, 8 март 2025 (МИА) - Доналд Трамп го предводи комитетот за подготовка на Светското првенство во 2026 година. Турнирот ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
-За нашата земја е голема чест да биде домаќин на ваков турнир, изјави американскиот претседател.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули со учество на 48 репрезентации.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на Доналд Трамп му ја подари топката на Светското првенство во 2026 година и специјално направен дрес.
-Организацискиот комитет ќе се погрижи секој навивач од секој агол на светот да се чувствува безбедно, среќно и да се чувствува како да правиме нешто посебно. Тука сме да го приредиме најдоброто шоу на планетата досега, рече Инфантино. дс
Фото: Принтскрин