• четврток, 26 декември 2024

Трамп го покани кинескиот претседател на инаугурацијата

Трамп го покани кинескиот претседател на инаугурацијата

Вашингтон, 12 декември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го покани кинескиот претседател Си Џинпинг на неговата инаугурација следниот месец, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на повеќе извори.

Покана за инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон била испратена на почетокот на ноември, непосредно по претседателските избори на 5 ноември, а не е јасно дали е прифатена, јави Си-Би-Ес.

Во неодамнешното интервју за Ен-Би-Си Њуз, Трамп рече дека „многу добро се сложува“ со Си и дека тие „комуницирале токму таа недела“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан