• четврток, 20 февруари 2025

Трамп го поддржува предлогот федералната Влада да го преземе Вашингтон, округ Колумбија

Трамп го поддржува предлогот федералната Влада да го преземе Вашингтон, округ Колумбија

Вашингтон, 20 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп ги поддржа повиците федералната Влада да го преземе управувањето со Вашингтон, округ Колумбија (Washington, D. C), кога локалните власти „не ја вршат својата работа“ кога станува збор за справување со криминалот и бездомништвото. 

Републиканците изминатите години се обидуваат да ја укинат локалната самоуправа во округот Колумбија, упориште на демократите.

- Мислам дека треба да управуваме со округот Колумбија. Мораме да го водиме силно, да го водиме со закон и ред, да го направиме апсолутно беспрекорно убав. И мислам дека треба да го преземеме Вашингтон, да го направиме безбеден, истакна Трамп.

Републиканските пратеници, пред две недели ред две недели, поднесоа предлог-закон со кој ќе се елиминира локалната власт во округот Колумбија, вклучувајќи го и избраниот градоначалник и градскиот совет.

Сличен закон беше поднесен во 2023 година, но не беше изгласан од Сенатот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан