• четврток, 26 март 2026

Трамп го номинира Бозел Трети за директор на Американската агенција за глобални медиуми

Трамп го номинира Бозел Трети за директор на Американската агенција за глобални медиуми

Вашингтон, 23 јануари 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го номинира основачот на конзервативната медиумска надзорна организација Ел Брент Бозел Трети за директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), што е одговорна за надзорот на американските јавни медиуми во странство, вклучително Гласот на Америка и Слободна Европа.

- Малкумина се запознаени со глобалниот медиумски пејзаж на печатените медиуми, телевизијата и интернетот од Брент, кој е основач и претседател на Центарот за медиумски студии (ЦМС) веќе 38 години, напиша Трамп на социјална мрежа „Трут“ (Truth).

ЦМС е американска медиумска надзорна организација, блиска до конзервативните кругови.

- Ел Брент Бозел Трети и неговото семејство со генерации се бореле за американските принципи за слобода, еднаквост и правда и тој ќе се погрижи пораката да биде слушната од слободољубивите луѓе ширум светот, наведе Трамп. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан