• петок, 05 декември 2025

Трамп ги повика Индија и Пакистан да запрат со непријателствата

Трамп ги повика Индија и Пакистан да запрат со непријателствата

Вашингтон, 7 мај 2025 (МИА) - Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ги повика Индија и Пакистан да ги запрат воените дејствија.

- Ги познавам и двете страни многу добро и сакам да ги видам како се разбираат. Сакам да престанат. Се надевам дека ќе можат да запрат сега, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, одговарајќи на прашање за судирите меѓу двете соседни држави.

Трамп истакна дека очекува Индија и Пакистан да престанат со нападите еден на друг и додаде дека ако има начин да помогне, ќе го направи тоа.

Американскиот претседател вчера повторно изрази надеж дека судирите меѓу Индија и Пакистан ќе завршат брзо.

Инаку, во денешните напади меѓу двете земји загинаа најмалку 31 Пакистанец и 12 Индијци.

Шефот на американската дипломатија, Марко Рубио, вчера вечер се сретна со својот индиски и пакистански колега, при што Белата куќа соопшти дека ги повикал на дијалог и намалување на тензиите.

„Државниот секретар ги охрабри Индија и Пакистан повторно да отворат канал за дискусија меѓу своите лидери со цел да ја смират ситуацијата и да избегнат понатамошна ескалација“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан