• четврток, 20 февруари 2025

Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Путин пред крајот на февруари

Трамп вели дека најверојатно ќе се сретне со Путин пред крајот на февруари

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека „најверојатно“ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин пред крајот на февруари. Тоа го изјави неколку часа по руско-американската средба во Саудиска Арабија за решавање на конфликтот во Украина.

Запрашан од новинар за можноста за средба со Путин пред крајот на месецот, Трамп кимна со главата и одговори: „Веројатно“ додека ја напушташе просторијата во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, каде што одржа прес-конференција.

Трамп претходно изјави дека е „поуверен“ во можноста за договор со Москва по разговорите меѓу делегациите од двете земји во Ријад и додаде дека е „целосно за“ присуство на европски мировни трупи во Украина.

Американскиот претседател, исто така, рече дека е „разочаран“ од критиките од Киев за исклучувањето на Украина од руско-американските разговори во Ријад за судбината на земјата.

„Мислам дека имам моќ да ја завршам војната“, додаде Трамп. зш/

Остани поврзан