• петок, 05 декември 2025

Трамп бара од производителите на лекови доброволно да ги намалат цените во САД

Трамп бара од производителите на лекови доброволно да ги намалат цените во САД

Вaшингтон, 12 мај 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша наредба со која се бара од производителите на лекови доброволно да ги намалат цените на клучните лекови во САД.

Во наредбата не се наведува никаков очигледно законско овластување за наметнување пониски цени, објави „Њујорк тајмс“.

Во одлуката, исто така, се наведува дека администрацијата ќе разгледа преземање регулаторни мерки или увоз на лекови од други земји доколку производителите на лекови не се придржуваат до барањето на претседателот. зш/

Остани поврзан