• четврток, 04 декември 2025

Трамп бара од Врховниот суд потврда за овластувањата за воведување царини

Трамп бара од Врховниот суд потврда за овластувањата за воведување царини

Вашингтон, 4 септември 2025 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да пресуди дали тој имал овластување да воведе широк спектар царини врз основа на закон предвиден за користење во вонредни ситуации, јавија западни медиуми, повикувајќи се на судски документи.

Министерството за правда поднесе жалба на одлуката на Апелацискиот суд од 29 август, според која најголемиот дел од царините воведени од Трамп се незаконски. Одлуката го доведе во прашање користењето на овие давачки како клучен инструмент на неговата меѓународна економска политика.

Царините засега остануваат во сила и ќе продолжат најмалку до 14 октомври, согласно решението на Апелацискиот суд. ссм/

фото: архива

Остани поврзан