• петок, 22 ноември 2024

Траектот што се запали кај Крф ќе биде пренесен на пристаниште, петти ден продолжува потрагата по исчезнатите патници

Траектот што се запали кај Крф ќе биде пренесен на пристаниште, петти ден продолжува потрагата по исчезнатите патници
Атина, 22 февруари 2022 (МИА) – Противпожарната служба на Грција побарала од Министерството за поморство траектот што се запали додека пловеше во близина на Крф да биде пренесен на безбедно пристаниште каде што ќе продолжи акцијата на специјалните спасувачки екипи во потрагата по десетте исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за поморство на Грција соопштија дека барањето од противпожарната служба е поради тоа што во позицијата во која се наоѓа сега траектот исцрпени се сите можности за истрага и спасување, а акцијата непречено ќе продолжи откако траектот ќе биде закотвен на пристаниште. Спасувачката акција веќе петти ден е во тек, а исчезнати се десет патници, најверојатно возачи на камиони кои решиле патувањето кон Италија да го поминат во нивните возила паркирани во гаражите на траектот, нешто што е забрането. Според грчките медиуми, меѓу исчезнатите се седум бугарски државјани, двајца Грци и еден Турчин. Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи. Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет. Спасено е вкупно 281 лице, десет се водат за исчезнати, а еден патник го загуби животот. ср/sd/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан