• петок, 05 декември 2025

Традиционалната манифестација „20 часа урбан здив“ со Регионален саем на винили на Петровден во Кочани

Традиционалната манифестација „20 часа урбан здив“ со Регионален саем на винили на Петровден во Кочани

Кочани, 7 јули 2025 (МИА) – Традиционапната музичко-културна манифестација „20 часа урбан здив“ и годинава ќе биде дел од одбележувањето на Петровден – празникот на Кочани.

Организаторот на манифестацијата, Тошо Филиповски не се откажува од иницијативата Кочани повторно да биде центар на рокенролот во Македонија, при што ќе се одржи и Регионалниот саем на винили.

-На 12 и 13 јули планирајте и посетете нѐ, за да се дружиме и да го славиме винилот и македонскиот рокенрол. Не пропуштајте ја можноста за целодневна добра забава. Сите настани ќе се случуваат во Градскиот парк, на отворено, со поддршка од Општина Кочани, а берзата на винили и од Скопско. Првиот ден, во периодот од 19 до 23 часот, на првиот дел од Регионалиот саем на физички носачи на звук ќе учествуваат 12 излагачи од регионот, односно од Ниш, Крушевац, Солун, Подгорица, Кочани, Скопје, Куманово, Белград, Софија, и Приштина, а вториот дел од саемот ќе продолжи наредниот ден во периодот од 10 до 15 часот, информира Филиповски.

Во рамки на манифестацијата, на 12 јули од 20 часот концерт во Паркот на Револуцијата во Кочани ќе одржат групите Ареа и Суперхикс, а на 13 јули од 12 часот ќе настапат групите Корка од Кочани и МРША од Скопје, додека Мартин Џорлев ќе има акустичен сет.

Истиот ден, од 13 часот е предвидено да се одржат и работилници за фанзини, како да направиш интервју со омилениот бенд, Скопје Колаж Колектив и како да го изградиме урбано Кочани. Во текот на денот музички сетови ќе имаат диџеј Цека од Ниш, диџеј Павлос од Солун и диџеј Бојан од Крушевац. та/дма/

фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан