• четврток, 14 ноември 2024

Традиционален дочек на Стара Нова година во делчевското село Тработивиште

Традиционален дочек на Стара Нова година во делчевското село Тработивиште

Делчево, 13 јануари 2024 (МИА) - Во делчевското село Тработивиште и годинава е организиран традиционален дочек на Стара Нова Година. Настанот секоја година се организира од страна на претходно одбраниот кум, кој со поддршка на спонзори и помагатели е одговорен за општо народната веселба на плоштадот во едно од најголемите делчевски села.

Пензионираниот новинар од село Тработивиште Васил Маневски, вели дека дочекот на Стара Нова Година четврта година по ред се организира на селскиот плоштад, а на истиот присуствуваат голем број на гости од Делчевско и околните места.

- Годинава е четврта по ред Сурова Нова година која на таков организиран начин се дочекува во село Тработивиште. Инаку порано традиционално на овој ден кога ние бевме деца, во пресрет на Василица ги гоневме кучињата со таканаречени топузи, а девојчињата, кој која девојка ја сакаше, ќе ја поткачеше со суроваска за да и даде до знаење дека ја сака, вели Маневски.

Според него, радува фактот што овие прастари обичаи младата генерација сака на некој начин да ги обнови, давајќи и прироритет на заедничката дружба. 

- Исто така карактеристично е кај кој се падне паричката да биде организатор на настанот наредната година. Честа да го организира настанот следната година и припадна на Грдана Боболинска. Ја користам приликата на сите наши соселани, на сограѓаните и добронамерници, како и спонзорите и тие што дадоа дброволен прилог за доградба на црквата Успение на Пресвета Богородица од името на организаторите на оваа манифестација да им посакам многу здравје, среќа и успех во Новата година, додаде Маневски.

Во предвечерието на празникот Василица во делчевско помладите се маскираат и ги посетуваат домовите на граѓаните. Извикувајки го поздравот „Сурова“ тие им посакуваат среќна Нова Година, а домачините ги даруваат со пари, бонбони и други намирници со цел да им биде богата годината која доаѓа. вс/цр


Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан