• четврток, 04 декември 2025

ТППЕ доби донации од иселеници од Дебарско

ТППЕ доби донации од иселеници од Дебарско

Дебар, 3 јули 2025 (МИА) - Дебарските пожарникари добија донација која се состои од лична заштитна опрема, а неодамна и противпожарни униформи од двајца нивни сограѓани кои живеат и работат во странство.

-Новата донација е од Идеал Марку, кој живее и работи во Австрија. Се состои од лична заштитна опрема и тоа 20 противпожарни шлемови, по исто толку светилки (ламби) за шлемовите и наметки за заштита од висока температура за нив, поголем број на конектори за ламби како и 3 противпожарни униформи „Бристол“ за интервенција во урбани зони, информираа од општина Дебар.

Неодамна противпожарни униформи добија, како донација, од Абазоски Арбен, од Центар Жупа, кој живее и работи во Италија.

-Бескрајно сме благодарни за последните, но и претходните донации за нашата Територијална противпожарна единица, кои секогаш се добредојдени и се од големо значење, бидејќи само со добро опремена единица можеме да очекуваме добри резултати во работењето, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на единицата.

Дебарската единица освен на територијата на оваа, интервенираат на територијата на општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, односно, како единица, покриваат најголема територија.

Во првите шест месеци од годинава евидентирани се 49 интервенции, што е за 10 повеќе споредено со истиот период лани, при што над 60 отсто се на отворен простор. вт/ац/

Фото: Општина Дебар

Остани поврзан