• петок, 05 декември 2025

ТППЕ Делчево интервенираше во центарот на градот откако старо дрво падна над градскиот мост

ТППЕ Делчево интервенираше во центарот на градот откако старо дрво падна над градскиот мост

Делчево, 6 јуни 2025 (МИА) - Падната врба попладнево околу 17:30 часот предизвика краток застој на сообраќајот во централното градско подрачје во Делчево. Остатоци од старото дрво беа надвиснати над коловозот на мостот во центарот на градот, поради што во расчистувањето интервенираше Територијалната противпожарна единица од Делчево.

При паѓањето на старото дрво нема повредени лица, а блиските минувачи апелираа да се отсечат сите стари гранки за да не дојде до слична ситуација.

-Предлагаме да се отсечат сите стари гранки и други оштетени дрва, бидејки и при поплавите пред две години имаше слична ситуација, истакна за МИА случаен минувач. 

Во моментот сообраќајот кај спомнатиот мост е нормализиран. Пијанечко-малешевскиот регион денеска попладне беше зафатен од врнежи проследени со грмежи и засилен ветер, поради што настрадаа и дел од старите дрвја. вс/мч/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан