• четврток, 27 јуни 2024

ТППЕ Делчево доби донација за рана детекција на пожари

ТППЕ Делчево доби донација за рана детекција на пожари

Делчево, 20 декември 2023 (МИА) - Делчевската територијална противпожарна единица доби донација од нов дрон за рана детекција на пожари, информираа од единицата. Со донацијата очекуваат во голема мера да се подобрат капацитетите на Терторијалната противпожарна единица во делот на рана детекција и навремени интервенции при појава на пожари.

-Денес компанијата Брегал ДОО и донираше нов дрон на нашата единица кој ќе биде од огромна важност во навременото детектирање огнени стихии. Изразуваме голема благодарност до Брегал ДОО кои и во минатото со други свои донации, било парични или во нагледни средства, се пример за другите компании како треба да се гради општествената одговорност во заедницата, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Дронот на пожарникарите им беше предаден од страна на вработени во компанијата, кои изразија надеж дека ќе им биде од огромна корист во случаите кога ќе имаат потреба од негова употреба.

Покрак оваа донација, делчевската  компанија пред една година донираше и финансиски средства за транспорт на противпожарна скала која ТППЕ Делчево ја доби како донација од Швајцарија. вс/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан