• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени

Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи и најавува дека пунктот „Пролет“ во Скопје ќе работи во две смени и оти се зголемува капацитетот за фотографирање.

Во интервју за ТВ Телма, како што пренесува денеска Министерството за внатрешни работи, Тошковски вели дека 165 000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, но дека неговиот тим со вработени луѓе во МВР констатирал дека тој број е неточен.

- Голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамки на пунктот „Пролет“, тврди Тошковски.

Тој посочува дека по првичното споредување на податоците има намалување за 20 проценти, околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптоваруваат системот и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември, вели Тошковски.

Најавува дека од задутре пунктот Пролет ќе функционира со 14 базни станици, со ангажман на 14 фотографи, полицајци вработени во МВР кои се пријавиле доброволно, а од понеделник ќе биде воведена и втора смена, со дополнително ангажирани уште 14 доброволци од МВР. 

- Тоа значи дека капацитетот од четири базни станици кои фотографираат и обезбедуваат постапно издавање на лични документи ќе го зголемиме на 28 во еден ден, посочува Тошковски, пренесува МВР. лв/цр

фото:МВР

Остани поврзан