• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Во Прилеп е зголемена полициската ефикасност

Тошковски: Во Прилеп е зголемена полициската ефикасност

Прилеп, 4 април 2024 (МИА) - Нема несигурност во безбедносната состојба во Прилеп, а е зголемена полициската ефикасност во работењето, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната посета на полициската станица во Прилеп.

Тошковски ги демантира сите тврдења за небезбедност, посочувајќи на статистички податоци.

- Минатата недела бев обвинет дека откако јас сум министер, се зголемила несигурноста во безбедноста на територијата на ОВР Прилеп. Но, податоците говорат дека од 1 јануари до 1 април оваа година бројот на пријавени кривични дела на територијата на ОВР Прилеп е во намалување. Во јануари има 117, во февруари 11, а во март се приавени 109 кривични дела. Во јануари имаме зголемен број на поднесени кривични пријави, 29, во февруари се 39, а во март 67, имаме намален број кривични дела со непознат сторител од општ криминалитет, така во јануари се 93, во февруари 82, а во март се 56. Иамме зголемена ефикасност за расветлување, така во јануари се расветлени 5 насто, во февруари 12, а во март се расветлени 25 проценти од случаите, изјави Тошковски.

Во последните 14 месеци во Прилеп се опожарени 15 возила, но Тошкоски не укажа на конкретни резултати туку дека, како што рече, секој што направил кривично дело по име и презиме ќе одговара.

Тошкоски со обвинувања до директорот на Бирото за јавна безбедност дека не се однесувал во контекст на прифаќање одлуки на Управниот суд за назначување на командир на прилепската полициска станица.

-Добив правосилна пресуда од Управниот суд кој ми потврди дека одлуката која беше донесена од моја страна во однос на одреден акт за поставување командир на одделението во Ропотово, општина Долнен и командир на полициската станица во Прилеп. Управниот суд го потврди моето решение што го донесов како министер за внатрешни работи, а притоа беше поништена одлуката на Владата. Но решението да го потпишам не ми беше дадено од директорот на Бирото за јавна безбедност кој рече дека кусо било времето за да се запознае со состојбата. И поради тоа, полициската станица во Прилеп сѐ уште нема командир, изјави Тошковски.

Министерот Тошковски најави дека од утре Прилепската полициска станица ќе добие нов командир, како што рече, одбран од граѓаните. Инаку, во друг случај, Управниот суд потврдил решение на министерот, а поништил решение на  Владата со кое му дал отказ на претходниот командир на полициското одделението во Ропотово, општина Долнени кој пукал од огнено оружје каде што не требало. ем/лв/

фото: МИА

Остани поврзан