• петок, 23 јануари 2026

„Тоше, те сакаме“ - културно-уметнички настан во чест и сеќавање на Тоше Проески

„Тоше, те сакаме“ - културно-уметнички настан во чест и сеќавање на Тоше Проески

Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска, од 12:00 до 15:00 часот, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.

Настанот е инициран од жителите на Аеродром, а е поддржан и коорганизиран од Општината. Предвидува свечено отворање и настап на деца од градинките, ликовна изложба на ученици од основните училишта, креативна активност „Пишуваме картони со Бомбакис“, креирање заедничка мегаслика „Ѕвездено небо“ со PVP бренд, настап на училишни хорови и музички настап на актуелни македонски музички уметници.

Како што информира Општина Аеродром, во музичкиот дел од програмата ќе настапат: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинјан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов, кои со свои интерпретации ќе му оддадат почит на безвременското музичко наследство на Тоше. мч/вг/

фото: Општина Аеродром

Остани поврзан