• четврток, 28 март 2024

Тотенхем два месеци без повредениот Лорис

Тотенхем два месеци без повредениот Лорис

Лондон, 8 февруари 2023 (МИА) – Францускиот голман во редовите на Тотенхем, Уго Лорис, го повреди коленото на првенствениот натпревар во неделата против Манчестер сити (1-0) и ќе мора да паузира од шест до осум недели, јавија денеска британските медиуми.

Весникот „Дејли Мирор“ наведе дека „првичните песимистички прогнози укажувале дека Лорис ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната“, но во Тотенхем се надеваат дека францускиот голман нема да мора да се оперира.

Лекарскиот преглед констатирал дека станува збор за повреда на лигаментите.

Поради повредата Лорис ќе ги пропушти двата осминафинални натпревари во Лигата на шампиони против Милан. ег/јт/

Остани поврзан