• петок, 05 декември 2025

Тотенхем го совлада Манчестер Сити

Тотенхем го совлада Манчестер Сити

 

Манчестер, 23 август 2025 (МИА) – Во воведниот натпревар од саботната програма од 2 коло во Премиер лигата, лондонски Тотенхем извојува победа на гостински терен над Манчестер Сити со 2-0.

Освојувачот на трофејот во Лига Европа до триумфот во дербито во Манчестер дојде со головите на Џонсон во 35 минута и Палиња во судиското продолжение од првото полувреме.

Тотенхем собра шест бодови во воведните две кола во новата сезона со гол-разлика 5-0, додека Манчестер сити остана на три бодови.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан