Торонто најави потпишување на договор со Инсиње
- Напаѓачот на Наполи и Италија, Лоренцо Инсиње потпиша четиригодишен договор со Торонто, соопшти денес прес-службата на канадскиот клуб.

Торонто, 8 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Наполи и Италија, Лоренцо Инсиње потпиша четиригодишен договор со Торонто, соопшти денес прес-службата на канадскиот клуб.
Триесетгодишниот Италијанец ќе му се приклучи на Торонто по истекот на договорот со Наполи на крајот од сезоната 2021/22.
Инсиње постигна пет гола и има шест асистенции на 19 настапи за Наполи оваа сезона.
Во летото 2021 година Инсиње стана европски првак со репрезентацијата на Италија. зс/