• среда, 15 мај 2024

Торонто казнет со 25 илјади долари поради одморање на здрави играчи

Торонто казнет со 25 илјади долари поради одморање на здрави играчи
Вашингтон, 18 април 2021 (МИА) - Торонто е казнет со 25.000 долари од страна на НБА-лигата поради непочитување на правилата на лигата за регулирање на одмор на играчи. Репторс решија да ги одморат Кајл Лаури, Паскал Сијакам и О Џи Ануноби во победата против Орландо во петокот, и покрај фактот дека сите тројца играчи беа здрави. Поради пандемијата на коронавирус, лигата им дозволува на играчите ветерани да пропуштат еден од два натпревари доколку тимот одигра два натпревари за два дена, особено во натпреварите што не се емитуваат на националната телевизија. Сепак, Репторс немаа настап од средата, па на тројцата играчи не им следуваше одмор. зс/

Остани поврзан