• недела, 22 декември 2024

Торино е подготвен да го продаде Белоти на Интер

Торино е подготвен да го продаде Белоти на Интер
Торино, 24 август 2021 (МИА) – Калчолигашите Интер и Торино преговараат за трансфер на италијанскиот напаѓач Андреа Белоти, пренесува „Скај Спорт Италија“. Според изворот, Торино е подготвен да го ослободи играчот за 20-22 милиони евра плус бонуси. Договорот на фудбалерот со клубот од Торино истекува летото 2022 година. Минатата сезона, 27-годишниот Белоти одигра 36 натпревари за Торино во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и 7 асистенции. Исто така, Интер ја разгледува можноста да потпише со Хоакин Кореа од Лацио, кој на Симоне Инзаги му е познат од неговата работа во овој клуб. зс/

Остани поврзан