• среда, 12 јуни 2024

Торес го презема Б тимот на мадридски Атлетико

Торес го презема Б тимот на мадридски Атлетико


Мадрид, 11 јуни 2024 (МИА) – Поранешниот репрезентативец на Шпанија со која ја освои светската и европската титула, Фернандо Торес, е назначен за тренер на Б тимот на Атлетико Мадрид, објави денеска шпанскиот фудбалски прволигаш.
„Го прифаќам тоа како голем предизвик со многу амбиции и мирно сознание дека сме подготвени“, изјави Торес, кој претходно ги тренираше играчите на Атлетико до 19 години.
Торес (40) постигна повеќе од 100 голови во двата периоди (2001-2007 и 2016-2018) во Атлетико каде ја започна својата играчка кариера како тинејџер.
Со Шпанија го освои Европското првенство во 2008 и 2012 година, како и светската титула во 2010 година.
Во својата кариера настапуваше и за Ливерпул, Челзи и Милан, освојувајќи ја Лигата на шампиони и Лига на Европа со лондонскиот клуб. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан