Торес: Барселона излезе на теренот како да е поспана
- Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Феран Торес се осврна на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со Интер.

Барселона, 1 мај 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Феран Торес се осврна на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со Интер.
Каталонците синоќа одиграа 3:3. Противникот по само дваесетина минути игра водеше со 2:0.
-Нашиот тим излезе на теренот како да е поспан и плати за тоа. Сепак, момците одлично реагираа на ситуацијата. Сега е важно да се учи од овие грешки пред реваншот. Противникот дома е многу силен, изјави Торес за „AS“.
Реванш полуфиналето меѓу Барселона и Интер ќе се одигра на 6 мај во Италија.
Во другата полуфинална пресметка се среќаваат ПСЖ – Арсенал (1:0 по првиот натпревар). зс/
Фото: ЕПА