• четврток, 19 декември 2024

Топ 7 листа „најопседнати“ села во Европа

Топ 7 листа „најопседнати“ села во Европа

Лондон, 20 октомври 2023 (МИА) - Интернет-страницата на британската компанија „Стрес фри кар рентал“ (Stress Free Car Rental) 10-на дена пред „Ноќта на вештерките“ претстави топ 7 листа најморничави мистериозни места во Европа. Можеби најблиску нам, од ова поднебје, е селото Шкрињари во Хрватска.

На списокот, првото место го зазеде Општината Бран во Романија. Како што е познато - таа била инспирација за приказната за „Грофот Дракула“. Иако Брам Стокер, Ирецот - творец на овој измислен лик, никогаш не ја посетил Романија, тој го создал домот на најпознатиот вампир во светската литература, врз основа на описот на познатиот замок Бран.

За замокот се вели дека е еден од „најопседнатите“ во светот. Така, паранормални истражувачи се собираат секоја година за да ги истражат тврдењата дека дворецот е прогонуван од духови на сведоци на средновековните злосторства.

Триора во Италија е втора на листата. Ова село познато по судењата за вештерство што се случиле меѓу 1587. и 1589 година. На третото место е селото Плукли во Кент во Велика Британија, коешто и според Гинисовата книга на рекорди е најопседнато село на Островот.

Во Шкрињари, село близу Бјеловар, Хрватска, се наоѓа една од најстрашните куќи на Балканот, според сведоштвата. Имено, некои луѓе тврдат дека таму виделе жена без очи и многу други морничави и необјасниви појави.

Списокот најморничави села во Европа ги вклучува и Очате, Шпанија; Рослин, Шкотска, како и Тинтерн во Велс.

„Ноќта на вештерките“ е древнокелтски, поточно изворно британско-гаелски пагански празник чијашто традиција на славење и одбележување се задржала до денес.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан