• четврток, 16 мај 2024

Тони Надал: Рафаел апсолутно не го интересира тенисот

Тони Надал: Рафаел апсолутно не го интересира тенисот
Мадрид, 13 април 2020 (МИА) - Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал во моментов воопшто не го интересира тенисот. Тренерот на Рафа и чичко, Тони Надал истакна дека шпанскиот тенисер во моментов размислува само за битката со коронавирусот. - Со овој голем проблем што го имаме, се друго е заборавено. Ова се секундарни работи. Сега е важно да се справиме со коронавирусот. Тоа е важно, а не тенисот. Разговаравме и тој ми рече дека не му е грижа сега за тенис. Логично е, ако имате малку обзир, изјави Тони Надал за „Мундо Депортиво“.

Тагови

Остани поврзан