Тони Коњановски ко-претседавач на комитетот на региони во Брисел
- Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ко-претседавач на заедничкиот консултативен комитет на комитетот на региони ЕУ - Македонија учествува во работата на комитетот што се наоѓа во седиштето на Европскиот комитет на региони „Жак Делор” во Брисел.
Битола, 28 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, ко-претседавач на заедничкиот консултативен комитет на комитетот на региони ЕУ - Македонија учествува во работата на комитетот што се наоѓа во седиштето на Европскиот комитет на региони „Жак Делор” во Брисел.
На консултативниот состанок, тема се искуствата со членките на комитетот во повеќе области на локалната политика и развојот на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, информира Коњановски.
Во Брисел се одржа и тематска дебата за справување со загадувањето и предизвиците за заштита на животната средина на која учествуваа освен Коњановски учествуваа Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен, Ѓорѓе Божинов градоначалник на Општина Ново Село и Жарко Ристески, градоначалник на Општина Македонски Брод.
Во просториите на македонската амбасада во Брисел заедно со амбасадорот Зулфи Исмаили, шеф на мисијата на Македонија во ЕУ, на пригоден начин е одбележана 80 годишнината од кодифицирањето на Македонскиот литературен јазик, информираа од Општина Битола. мт/дма/
Фото: Општина Битола