• недела, 22 декември 2024

Тихановскаја, Тунберг и Репортери без граници фаворити за Нобеловата награда за мир

Тихановскаја, Тунберг и Репортери без граници фаворити за Нобеловата награда за мир

Стокхолм, 29 септември 2021 (МИА) - Нобеловата награда за мир оваа година може да ја добијат  белоруската опозиционерка во егзил Светлана Тихановскаја, климатската активистка Грета Тунберг или „Репортери без граници“, објавија денеска норвешките експерти за наградата.
Добитникот на наградата од 1 милион долари го избира петчлена комисија назначена од норвешкиот Парламент, која ќе биде објавена на 8 октомври.
„Репортери без граници“ и Комитетот за заштита на новинарите се едни од главните кандидати, изјави Хенрик Урдал, директор на Институтот за мировни истражувања во Осло.
За наградата се номинирани вкупно 329 кандидати, но целосната листа нема да биде објавена 50 години.
Номинирани се и лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, американската политичарка Стејси Абрамс, Светската здравствена организација (СЗО) и движењето Блек лајвс метр (Black Lives Matter). паг/

Остани поврзан