• четврток, 20 февруари 2025

Турк: Парадирањето покрај телата на заложниците во Газа е ужасно и против меѓународното право

Турк: Парадирањето покрај телата на заложниците во Газа е ужасно и против меѓународното право

Женева, 20 февруари 2025 (МИА) - Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека парадирањето покрај телата на заложниците во Газа е ужасно и против меѓународното право. Хамас денеска на Црвениот крст му ги предаде телата на четворица заложници.

Ковчезите беа поставени на бина, додека вооружените членови на Хамас во црни и маскирни униформи ја опколија областа.

„Според меѓународното право, секое пренесување на останките на починатите мора да биде во согласност со забраната за сурово, нечовечко или понижувачко постапување, со обезбедување почитување на достоинството на починатите и нивните семејства“, наведе Турк во соопштението.

За време на припредавањето, милитант стоеше до плакат со маж кој стои над ковчези обвиткани со израелски знамиња на кои пишуваше „Враќањето на војната е еднакво на враќањето на вашите затвореници во ковчези“.

Црвениот крст вчера упати повик за обезбедување на приватноста и достоинството на починатиот.

„Мораме да бидеме јасни - секое понижувачко постапување за време на операциите за ослободување е неприфатливо“, се наведува во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан