• четврток, 04 декември 2025

Тимот за човекови права на ОН на палестинските територии и Израел поднесе оставка

Тимот за човекови права на ОН на палестинските територии и Израел поднесе оставка

Женева, 15 јули 2025 (МИА) - Тим од тројца независни експерти кои работат за највисокото тело на ОН за човекови права, со фокус на Израел и палестинските територии, поднесе оставка, наведувајќи лични причини.

Израелската влада постојано го критикуваше овој тим експерти, познат како Комисија за истрага на окупираната палестинска територија и Израел, и избегнуваше соработка со него и ги одбибаше сите нивни барања за патување во регионот.

Ниту независните експерти ниту советот немаат никаква моќ над земјите, туку имаат за цел да посочат кршења на правата и да соберат информации за осомничени сторители што би можеле да ги користат Меѓународниот кривичен суд или други судови фокусирани на меѓународната правда.

Оставките, објавени од Советот за човекови права поддржан од ОН, кој го основа тимот, доаѓаат во време кога насилството продолжува на палестинските територии и има малку знаци за ублажување на воената кампања на Израел против Хамас и другите милитанти кои стојат зад нападите од 7 октомври.

Нави Пилај, поранешна шефица на Советот за човекови права на ОН, која ја водеше комисијата во изминатите четири години, во писмо до претседателот на советот изјави дека поднесува оставка од 3 ноември поради „возраст, здравствени проблеми и тежината на неколку други одговорности“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан