Тимовите на либанската цивилна одбрана изгаснале десетици пожари
- Либанската Цивилна одбрана соопшти дека нејзините тимови изгаснале најмалку 60 пожари низ јужниот регион на земјата, Набатие.
Бејрут, 18 септември 2024 (МИА) – Либанската Цивилна одбрана соопшти дека нејзините тимови изгаснале најмалку 60 пожари низ јужниот регион на земјата, Набатие.
Пожарите избувнале во станбени куќи и локални бизниси, како и во возила и мотоцикли „како резултат на експлозии на безжични уреди“, додаде Цивилната одбрана.
- Операциите за гаснење и спасување сè уште се во тек, се вели во соопштението. јт/
Фото: Х