• петок, 22 ноември 2024

Тикток добива свој чет-бот

Тикток добива свој чет-бот

Пекинг, 26 мај 2023 (МИА) - Кинеската платформа за видеа, Тикток тестира чет-бот, наречен „Тако“ што ќе може да се користи како пребарувач и за навигација.

Новиот чет-бот со вештачка интелигенција ќе може да препорача видеа врз основа на пишани команди обезбедени од корисникот. Тоа може од корен да го промени начинот на кој корисниците ја користат оваа социјална мрежа. Може да се пребаруваат содржини на интернет користејќи команди напишани во прозорецот за разговор. Засега не е познато на кој јазичен модел се заснова Тако, но ретките корисници кои веќе го користат велат дека може да одговори на голем број прашања.

Така, „Тако“ ќе вклучува и предлози за команди (навестувања) што корисниците ќе може да ги користат без да мора рачно да пишуваат прашања. На пример, покрај видео од крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети, се предлага прашањето „Кое е значењето на крунисувањето на кралот?“

Тикток потврди дека чет-ботот се тестира и засега е достапен само на Филипини. Следи тест и во други земји пред официјалното пуштање во продажба.  си/сд/

Остани поврзан