• четврток, 25 јули 2024

Тивка читална и саем на книга по 19 пат во Кавадарци

Тивка читална и саем на книга по 19 пат во Кавадарци

Кавадарци, 30 октомври 2023 (МИА) - Саем на книга, по 19 пат, денеска беше отворен во просториите на градската библиотека ,,Феткин" во Кавадарци. Директорот на библиотеката, Петар Гурев појасни дека книгите од издавачките куќи можат да се купат по саемски цени до петок, секојдневно од девет до 19 часот. 

- Се надевам дека се уште важиме за една од водечките културни институции, посебно во делот на промовирањето на читачката култура, нагласи Гурев. 

Во оваа прилика, беше промовирана и тивка читална. 

- Во 2005 година со реновирањето на библиотеката, поставен е концепт на отворена библиотека. Секој од нашите читатели слободно можае да се движи низ библиотеката и да одбере книга. Сега издвоивме катче за тивка читална, појасни директорот на библиотеката. 

Тој најави и други интересни проекти за во иднина. свд/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан