• петок, 22 ноември 2024

Тиаго Мота прв кандидат за нов тренер на Милан

Тиаго Мота прв кандидат за нов тренер на Милан

 

Рим, 7 февруари 2024 (МИА) – Стратегот на Болоња, Тиаго Мота, би можел по завршувањето на оваа сезона да се пресели на клупата на Милан, објави денеска италијанскиот весник Кориере дело Спорт.

Мота се споменува како можен наследник на Стефано Пиоли, кој седна на клупата на Милан во 2019 година, а има договор до 2025.

Според италијанскиот весник, тренерска смена заговара новата сопственичка структура во Милан, а Мота има поддршка и од поранешната клупска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој неодамна официјално се врати на Сан Сиро.

Четириесетиедногодишниот Мота ја предводи Болоња од септември 2022, а има важечки договор со моментно шестопласираниот тим во Серија А до крајот на оваа сезона. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан