• четврток, 26 март 2026

Тешко повреден малолетник во Тетово откако во него удрило возило, возачот избегал

Тешко повреден малолетник во Тетово откако во него удрило возило, возачот избегал

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово по што возачот избегал.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“. 

Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан