Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика
- Кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот.
Кавадарци, 19 септември 2025 (МИА) - Кавадарчанец се здобил со тешка телесна повреда при извршување работни задачи во фабрика во градот.
- Вчера во 14 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил донесен В.М., 40-годишен кавадарчанец. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
За настанот, известен бил јавен обвинител. свд/pп/
Фото: МИА архива