• сабота, 26 октомври 2024

Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци 

Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци 

Кавадарци, 8 октомври 2024 (МИА) - Со тешки телесни повреди се здобило младо лице по сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во Кавадарци, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Во полициската станица било пријавено дека на улицата „Западен булевар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С., на возраст од 29 години и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л., 20-годишно лице, двајцата од Кавадарци.

- Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница - Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан