• недела, 27 октомври 2024

Тешко повредена скопјанка по удар од автомобил во Неготино

Тешко повредена скопјанка по удар од автомобил во Неготино

Неготино, 27 октомври 2024 (МИА) - Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил автомобил во Неготино, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во ОВР - Неготино вчера било пријавено дека на улица „Гоце Делчев“, патничко возило „тојота“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Ќ., на возраст од 68 години од Неготино, удрило во 77-годишната Л.М. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во болницата во Велес, појаснуваат оттаму.

По овластување на јавен обвинител од Кавадарци, увид извршила увидна екипа од ОВР - Неготино. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан