• понеделник, 23 декември 2024

Техеран повторно повикан да се приклучи на нуклеарниот договор

Техеран повторно повикан да се приклучи на нуклеарниот договор
Берлин, 16 декември 2020 (МИА) - Светските сили кои се дел од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, го повикаа денеска Техеран да ги повлече кршењата на договорот и повторно целосно да му се приклучи за време на онлајн состанокот во Виена, изјави германски официјален претставник. Германија, Франција, Велика Британија, Кина и Русија и понатаму се обидуваат да спречат колапс на договорот, откако САД еднострано се повлекоа од него во 2018 година. Инаку, Иран моментно ги крши повеќето главни ограничувања утврдени со договорот, вклучувајќи го и количеството на збогатен ураниум кој може да го складира и колку му е дозволено збогатување на ураниум. Техеран порача дека веќе не е должен да ги почитува ограничувањата, тврдејќи дека САД први го прекршиле договорот, познат како Заеднички сеопфатен план, откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот и воведе економски санкции против Иран. гт/

Остани поврзан