• недела, 24 ноември 2024

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија

Техеран, 1 август 2024 (МИА) - Погребната церемонија на Исмаил Ханија, убиениот лидер на политичкото крило на Хамас, започна рано утринава во главниот град на Иран, Техеран.

Погребната молитва (џеназа-намаз) ја водеше врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Тој се молеше пред ковчегот на Ханија во Техеранскиот универзитет, а до него стоеше новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан. Државната телевизија прикажа снимки на кои ковчезите, поставени во камион, поминуваат низ улиците на Техеран кон плоштадот Азади, додека луѓе фрлаат цвеќиња кон нив.

На погребот присуствуваат голем број граѓани и официјални лица, меѓу кои и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

По погребната служба во Техеран, посмртните останки на Ханија ќе бидат пренесени во Катар за утрешното погребување.

Ханија беше во Техеран за да присуствува на церемонијата за инаугурација на Пезешкијан. На снимки од настанот се гледа како лидерот на Хамас седи до лидери на воените групи Исламски џихад и Хезболах и се прегрнува со Пезешкијан, а се сретна и со Хамнеи.

Неколку часа подоцна, Ханија, заедно со негов телохранител, беше убиен во воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран. Иранските власти изјавија дека го истражуваат нападот, но засега не даваат детали. Техеран и Хамас го обвинија Израел за нападот

Израелските власти претходно се заколна дека ќе го ликвидира Ханија, како и други лидери на Хамас по нападот на 7 октомври минатата година врз јужен Израел, што предизвика војна во Газа. Нападот врз Ханија беше извршен неколку часа откако Израел целеше на висок командант на сојузникот на Иран, Хезболах, во главниот град на Либан, Бејрут.

Иран го поддржува Хамас, како и Хезболах и други палестински воени групи што се борат против Израел во Газа. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан