• среда, 01 јануари 2025

Тетовска населба 12 часа без струја, причина била преоптовареност на мрежата

Тетовска населба 12 часа без струја, причина била преоптовареност на мрежата

Тетово, 30 декември 2024 (МИА) - Жителите на населбата Колтук во Тетово поминаа околу 12 часа без електрична енергија, поради дефект на тамошната трафостаница.

Од компанијата Електродистрибуција ДООЕЛ информираат дека дефектот е саниран, по што е продолжено со снабдувањето,а како причина наведуваат преоптовареност на мрежата.

-Вчера околу 19 часот настанал дефект на нисконапонски кабел од дистибутивната трафостаница во населбата „Колтук” во Тетово поради преоптоварување на мрежата, а како резултат на неконтролираното трошење на електричната енергија. Екипите на Електродистрибуција излегоа на терен веднаш по пријавата на прекинот и активно работеа се до санација на истиот. Снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и корисниците веќе имаат стабилно снабдување, информираат од Електродистрибуција ДООЕЛ-ЕВН Групација

Според информацијата на Електродистрибуција ДООЕЛ дефектот бил комплексен и затоа било потребно повеќе време за санација. ас/сст/
фото МИА архива 

Остани поврзан