• вторник, 24 декември 2024

Тетово дел од обуките што ќе ги спроведува Агенцијата за примена на јазикот

Тетово дел од обуките што ќе ги спроведува Агенцијата за примена на јазикот

Тетово, 12 февруари 2021 (МИА) - По повод претстојните обуки за преведувачи за локалните и државните институции согласно активностите на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните денеска се одржа средба меѓу градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и директорот на Агенцијата Илбер Села. 

Освен за редовните активности на Агенцијата во општината биле презентирани и новообјавените публикации на државната институција.

-На состанокот, директорот нè информираше за активностите и мерките што оваа институција ги презема со цел да се почитува правото на употреба на албанскиот јазик, како основно право на Албанците во Северна Македонија и кое мора да се спроведува ефикасно и одговорно во институциите во земјата. Агенцијата за спроведување на јазиците наскоро ќе започне со обука на преведувачи во локални и државни институции, информираа од Кабинетот на градоначалничката Арифи.

Според информациите на Општина Тетово, претставниците на Агенција на средбата ги претставиле водичот за спроведување на законот за употреба на јазиците и прирачникот на административни службеници поврзани со спроведувањето на законот за употреба на јазиците, како и информации за јазичните права на граѓаните во Република Северна Македонија. ас/свс/

Остани поврзан