Тетекс, Шкендија (А) и Слога Виница обезбедија пласман во Втора МФЛ
- Одиграни се трите бараж натпревари за пополнување на Втора македонска фудбалска лига. Пласман во Втората лига за следната сезона обезбедија Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс.
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) – Одиграни се трите бараж натпревари за пополнување на Втора македонска фудбалска лига. Пласман во Втората лига за следната сезона обезбедија Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс.
Во Кавадарци, Шкендија Арачиново со 2:1 успеа да слави против Осогово и со тоа да обезбеди промоција во Втора МФЛ.
На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, Слога Виница беше убедлива против Преспа, славеше со 3:0 и се врати во ВМФЛ.
На стадионот во Ѓорче Петров, Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:0, но тимот на Горно Коњари со два гола за три минути израмни на 2:2 и следуваа изведуваат пенали.
Во пенал - серијата поуспешни беа фудбалерите на Тетекс кои во следната сезона ќе играат во Втората лига по пауза од една година. зс/
Фото: ФФМ