• недела, 22 декември 2024

Тесла постигна рекордна продажба

Тесла постигна рекордна продажба
Невада, 21 октомври 2021 (МИА) - Производителот на електрични автомобили „Тесла“ се справи со проблемите со синџирот на снабдување и глобалниот недостиг на микрочипови за да забележи рекордна квартална продажба и профит, објави Би-Би-Си. Приходите се зголемија на 13,76 милијарди долари во третиот квартал наспроти 8,77 милијарди долари  една година претходно. Компанијата, раководена од милијардерот Илон Маск, објави нето добивка од 1,6 милијарди долари и продаде 241.391 автомобил. „Го постигнавме нашиот најдобар нето приход, оперативен профит и бруто добивка“, соопшти „Тесла“. Компанијата соопшти дека Кина останува главен извозен центар и планира да пласира различни типови батерии во своите стандардни возила низ светот. паг/    

Остани поврзан