• понеделник, 23 декември 2024

„Тесла“ повлекува 360.000 автомобили со пропусти во самоуправувањето

„Тесла“ повлекува 360.000 автомобили со пропусти во самоуправувањето

Лос Анџелес, 17 февруари 2023 (МИА) - Под притисок на федералните регулатори за безбедност на САД, „Тесла“ во четвртокот почна со повлекување над 360.000 автомобили, заради поправка на недостатоците на експерименталниот софтвер „Фул селф драјвинг“ (ФСД).

Повлекувањето опфаќа 362.758 автомобили Тесла од моделите „С“ (произведени 2016-23), „Икс“, „3-с“ (2013-17) и „Модел ипсилон“ (2020-23). Познавачите и стручњаците подолго време јавно повикуваат на посилен надзор и регулатива од американските власти во однос на самоуправувачкото возење.

- Националната управа за сообраќај и безбедност на автопатиштата (НХТСА) конечно станува сериозна во врска со самоуправувањето и јавната безбедност, изјави Миси Камингс, поранешна борбена пилотка на морнарицата и стручњак за самоуправувачки системи во Универзитетот „Мејсон Џорџ“.

Единствениот јавен одговор од „Тесла“ беше твитер-објавата на извршниот директор Илон Маск кој напиша дека „потсетувањето“ на светот е „анахроно и едноставно погрешно“.

Неколку производители на автомобили продаваат свои верзии на технологија за самоуправувачко возење, иако ниту еден не оди толку далеку па да ја нарече „целосно самостојно возење“ и слично. Без разлика на производителот на автомобили, доколку системите сѐ уште бараат од човекот возач да внимава и надгледува, ако дојде до несреќа, човекот е одговорен за штетите, а не автопроизводителот, освен ако не се докажат сериозни дефекти во производството.  си/

Остани поврзан