• сабота, 22 јуни 2024

Теристичка дезинсекција против комарци вечерва во Берово

Теристичка дезинсекција против комарци вечерва во Берово
Делчево, 4 август 2022 (МИА) – Во Берово вечерва ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци. Прскањето како што информираа од Општината ќе го спроведат екипи при Центарот за јавно здравје – Скопје како дел од првата фаза од теристичката дезинсекција. -Општина Берово ги известува граѓаните дека на ден 04.08.2022 година (четврток наспроти петок) со почеток од 23:00 до 04:30 часот – екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведат првата фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на возрасни комарците. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура поставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанција DELTAMETRIN, се вели во соопштението од Општината. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори. -Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, додадоа од Општината. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата како што додадоа се одложува за следниот поволен ден. вс/ки/

Остани поврзан